Скендер Реџепи – Зејди, независен пратеник, во својата дискусија предложи во Уставот да бидат додадени и Торбешите и Гораните, порача дека бришење на одредницата „20 отсто“ за јазикот се прави со предлог од 30 пратеници, оцени дека Македонија денес ја има шансата да го фати возот за ЕУ, но изрази песимизам дека тоа ќе се случи. Албанците не треба да бидат заложници на патот кон ЕУ заради „неколку пратеници“, нагласи тој.
„Најдобриот пат за сите граѓани на Македонија е да се отворат нови хоризонти и да се затворат старите оптоварени со етнички прашања. Како тоа ќе се стори. Се разбира со прифаќање на сите народи како еднакви во Уставот, предлагам да бидат вградени и Гораните и Торбешите. Добро е да се смени Уставот, но тоа нема да се смени. Ќе се гласа против Бугарите да влезат во Уставот. Проблемите меѓу Македонците и Бугарите нема да се реши со Уставот, ставени или не, историските проблеми ќе останат. Не се решаваат проблемите со пратениците, туку преку историчарите“, рече Реџепи.
„Може да се случат и други барања, албански општини да бараат пат кон ЕУ, одделно од македонските општини. Ова не би го посакувале, но реалноста е таа“, рече Реџепи.
Побара одговорност од пратениците.
„Македонија денеска е пред голема раскрсница. Имаме пат на кој можеме да патуваме заедно како народи, како заедничко тело на државата и докажувајќи дека Македонија може да биде дел од ЕУ. Најдобриот пат за сите граѓани е тоа што ние треба да отвориме нови хоризонти кон ЕУ и да ги затвораме и етничките прашања. Како може да се случи тоа. Со предлогот за измена јас би предложил таму да бидат и Гораните, Торбешите и овој Устав да биде иницијатива за бришење на ’20 отсто’ бидејќи е срамно и 20 години живеат со срам од тоа. Ова ќе биде добро за сите граѓани“, појасни Реџепи.