Националниот музеј на Норвешка заклучи дека речиси незабележителниот, но и непријатен натпис на познатото дело „Вресок“ е напишано од самиот уметник Едвард Мунк, соопштија денеска од музејот.

Малата и едвај видлива реченица напишана на една од најпознатите светски слики беше причина за многу претпоставки во светот на уметноста.

Натписот „Ова може да го наслика само лудак“ е испишани со молив во горниот лев агол на уметничкото дело на норвешки јазик.

Оригиналната слика, прво прикажана во родниот град на Мунк, Осло во 1893 година, стана симбол на радикален и безвремнски израз на вознемиреноста и универзалната болка на современиот човек. Неговото влијание се протега од серијата хорор филмови во Холивуд во 90-тите, па сè
до денешните емотикони.

Уметничкото дело помина конзервација во рамките на подготовките за поставувањето во новиот музеј, кој треба да биде отворен во норвешката престолнина следната година.

Критичарите на уметност долго време дискутираа за тоа дали овој напис бил вандалски чин, или ги напишал самиот Мунк, кој имал проблеми со менталното здравје во текот на целиот негов живот.

Profimedia
Profimedia

Музејот дошол до заклучок дека зборовите ги напишал Мунк. Тие користеле посебна технологија со помош на која го анализирале ракописот и го споредиле со неговите дневници и писма.

Во 1994 година, делото беше украдено од норвешкиот музеј на уметност и беше пронајден во смела тајна операција предводена од британски детективи.

Несомнено станува збор за ракописот на Мунк… Самиот ракопис, како и настаните што се случиле во 1895 година, кога Мунк за прв пат ја покажал сликата во Норвешка, одат во иста насока“, вели кураторот на музејот Маи Брит Гуленг.

Profimedia
Profimedia

Делото предизвикало бурни рекации и критики во тоа време, проследени со шпекулациите во јавноста околу менталната состојба на експресионистичкиот уметник Мунк.

Според неговите дневници, Мунк бил длабоко повреден од реакцијата на јавноста и се верува дека тој потоа ги додал зборовите со молив.