„Имаме рекордно ниска излезност на парламентарните и претседателските избори во Бугарија, иако има одреден пораст во попладневните часови“, соопшти портпаролот на Централната изборна комисија Цветозар Томов, јавува БГНЕС.

Во 16.50 часот активноста била иста како и во 16 часот гласале 1.706.814 луѓе – за претседател и потпретседател, што претставува 25,72% од граѓаните со право на глас.

За парламент во овој момент гласале 1.697.418 луѓе или 25,58%, од гласачкото тело.

Сега е јасно дека излезноста што ќе ја објавиме на крајот на изборниот ден нема да надмине или во најдобар случај да биде околу 40%. Најголема активност има во 23 МИР Софија. Софија никогаш немала највисока активност во земјата. Блиските бројки покажуваат дека луѓето сакаат да гласаат и за претседател и за парламент. Ова е најлогичната хипотеза. Малиот одѕив, се должи на тоа што годинава гласаме по трет пат и на пандемијата на СОВИД-19, вели портпаролот на ЦИК Цветозар Томов