На секоја домаќинка и е потребен ваков рецепт

Ова е универзален рецепт за тесто со кој можете да направите буквално сè: од кифлички до кора за пица. 

Погледнете како да го направите:

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица сол
  • 1 dl масло
  • 4 dl јогурт
  • 2,5 дл млеко
  • 1 свежа коцка квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 2 јајца

Подготовка: Како и при подготовката на другите теста, ставете топло млеко во кое ќе додадете малку шеќер, квасец, 2 лажици брашно.

Малку промешајте за да се растопи шеќерот за побрзо да нарасне квасецот. Пожелно е просторијата да биде топла за побрзо да се постигне саканата реакција. Во друг сад измешајте ги останатите состојки. Кога квасецот ќе нарасне доволно, ставете го во средината на брашното.

Месете го тестото додека не се изедначи. Ако ви се лепи за раце додадете уште малку брашно.

Најдете кеса и ставете го тестото во неа. Можете да го подмачкате малку или да го набрашнете за да не се залепи. Важно е да го исцедите целиот воздух од кесата.

Тестото ставете го во фрижидер, каде што можете да го чувате до 7 дена. Тестото пред мешање треба да се остави на топло место најмалку еден час, а колку подолго, толку подобро.