Експедицијата на Реал нема да може да се врати во Мадрид во скоро време поради обилните снежни врнежи во Шпанија. Како што објави „Ас“, клубот е известен дека не е можно враќање на играчите во главниот град со авион.

„Кралевите“ остануваат во Памплона по саботниот натпревар против Осасуна (0:0) во рамките на 18. коло во Ла Лига.

Во оваа ситуација, раководството на Реал реши веднаш да замине во Малага, каде в четврток ќе се одржи натпреварот од Суперкупот на Шпанија со Атлетик. Поаѓањето се очекува за денес претпладне.

Вреди да се одбележи дека поради безбедносните протоколи што ги регулираат постапките на играчите во контекст на пандемијата на коронавирус, фудбалерите беа принудени да не го напуштаат хотелот се до нивното заминување.