Австрискиот репрезентативец од наредната сезона ќе го носи „кралскиот“ дрес.
Давид Алаба ќе биде првото големо засилување за Реал Мадрид од наредната сезона, откако „Марка“ потврди дека „кралскиот“ клуб и австрискиот репрезентативец ги договорија деталите за четиригодишна соработка.
Според шпанскиот спортски весник, Реал на Алаба ќе потроши 80 милиони евра, но тоа беше единствен начин тие да ја победат конкуренцијата во Барселона, Манчестер сити, Јувентус.
Годишната плата на Алаба во Реал ќе изнесува околу 11 милиони евра, но бруто тоа се 20 милиони по сезона, а свој процент ќе добие и агентот Пини Захави како и самиот фудбалер за потписот.
Австрискиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа како слободен игра бидејќи на 1. јули му истекува договорот со Баерн Минхен. Алаба во Баерн Минхен пристигна како 16-гогодишно момче, а за првиот тим на баварците дебитираше во 2010 година. Од наредната 2011/12 сезона, Давид Алаба е неизоставен дел од првиот тим на Баерн Минхен.
Доаѓањето на Алаба во Реал Мадрид ќе значи и крај на „кралската“ авантуrа на Марсело кој уште од 2007 година е дел од шпанскиот тим. Марселона или ќе добие раскин на договор кој му истекува во 2022 година или со минимално обесштетување ќе му биде дозволено да си замине.