Реал Мадрид во Турција со 85-71 го победи актуелниот лидерот на Евролигата, екипата на Фенербахче, во 11 коло. Ова беше главниот натпревар на ова коло, во кој доминираа и заслужено победија мадриѓаните, кои веќе заостануваат една победа зад Турците во генералниот поредокот.

Advertisements

Победи уште една шпанска екипа, таа на Барселона, која на гостински терен ја совлада Алба Берлин со 88-86, во драматична натпревар, кој бешњ одлучен во последните секунди. Италијанскиот тим на Армани Милано продолжува да разочарува, губејќи со 78-62 од Басконија, со што падна на последното место во генералниот пласман.

Актуелниот шампион Анадолу Ефес победи со 82-71 против грчки Олимпијакос, задржувајќи ја зоната за плеј-оф, додека Баерн Минхен победи со 98-89 против Црвена Звезда.

Прикажи повеќе