Постојат многу шпекулации за иднината на Кристијано Роналдо.

Од елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите, името на Португалецот е многу активно на пазарот.

Се зборува дека тој ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, но останува дилемата каде ќе ја продолжи кариерата.

Според извештајот на „Куатро“, Реал Мадрид веќе сериозно размислува за негово враќање во Шпанија.

Се очекува шпанскиот клуб да им понуди на Јуве симболична цена за 36-годишниот фудбалер и доколку не се постигнат другите цели што ги имаат, тогаш пазарот ќе се насочи кон Роналдо.

Тоа го сака и самиот тренер Зинедин Зидан, како и некои играчи на Реал, кои не ја исклучија можноста Кристијано да се врати во Мадрид.

Роналдо ја завршува својата трета сезона во Торино, каде освои сè во италијанскиот фудбал, но во Европа не успеа.