УЕФА покрена дисциплинска постапка против Реал, Барселона и Јувентус, бидејќи со обединувањето со цел лансирање на Суперлигата, тие ги прекршиле правилата на Европската фудбалска централа.

Доколку бидат казнети, Реал, Барселона и Јувентус, одлуката на УЕФА би ја обжалиле пред Судот за спортска арбитража.

Медиумите на Апенините и Пиринеите, тврдат дека се позанти клубовите кои ќе играат на местата на клубовите, доколку Судот за арбитража ја потврди казната која би им ја доделиле од УЕФА.

Шпанска радио станица објави дека тимовите кои ќе ги заменат гигантите во ЛШ ќе бидат Реал Сосиедад, Бетис и Наполи, зашто тоа се екипи кои завршиле зад местата кои водат во елитното натпреварување.

Планот за создавање на европска Суперлига не преживеа ниту 48 часа бидејќи врз гигантите беше извршен голем притисок од страна на УЕФА.