Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со соопштение одговори на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ Миле Талески, кое го пренесуваме во целост:

СДСМ да објасни како 33 милиони евра народни пари од олигархот Заев до олигархот Андреја Јосифовски е интерес на граѓаните. Заев да објасни зошто шверцерски бутка закон со маратонски расправи и дали зад тоа се крие интересот да се врзе телевизијата која е во сопственост на Макпетрол?! Заев да каже дали интерес на државата е со 33 милиони да се купат вакцини и амбулантни возила или да се полни џебот на олигархијата?!

Заев да каже и каква врска има Законот за МВР кој СДСМ го посочува со 33-те милиони евра кеш за Макпетрол со кои треба целосно да се купи Телма?!

Заев знае дека се што прави е незаконски и дека ќе одговара за стореното, па со помисла да избегне кривична одговорност ги впушта пратениците од СДСМ во неговите матни пазари, затоа прави преседан и решава спор со закон. Заев мора да знае дека за секоја незаконитост ќе дојде време и за одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ