Тајландската полиција објави дека напаѓачот кој изутрината упадна во градинка, избоде и пукаше во деца и постари лица, се самоубил, пренесува Би-Би-Си. Како што пренесува Гардијан, непосредно пред да се самоубие, напаѓачот ги убил и својата сопруга и детето.

Според досега објавените информации, во нападот загинале 34 лица, од кои 22 се деца, пренесува Гардијан. Најмладите жртви се три дечиња на возраст од две години. Се стравува дека оваа бројка не е конечна. Бројот на регистрирани повредени лица засега изнесува 12.

Прикажи повеќе