Познатиот американски рапер Ерл Симонс, попознат како „DMX“ кој на 2 април беше хоспитализиран во критична состојба откако се предозирал, денеска почина на 50-годишна возраст.

Раперот и актер, денеска почина во болницата „Вајт Плејнс“ во Њујорк , потврди неговото семејство за „People“,

Со голема тага соопштуваме дека денес нашиот сакан „DMX“ со родено име Ерл Симонс, почина на 50-годишна возраст во болницата „Вајт Плејнс“ со своето семејство покрај него, откако беше ставен на кислородна поддршка изминатите неколку дена“, напишаа тие во изјава.

Според странските медиуми, „DMX“ се предозирал на 2 април, што предизвикало срцев удар, по што раперот бил итно хоспитализиран. Според информациите на неговиот менаџерски тим, „DMX“ страдал од астма уште од детството и претходно бил хоспитализиран за други здравствени проблеми, како и за зависност од крек.