Реал Мадрид синоќа на реваншот во осминафиналето во ЛШ ја совладата Аталанта со 3:1, а еден гол беше дело на Серхио Рамос од пенал. Со тоа дефанзивецот стигна до 15 голови во Лигата на шампионите, што секако е за пофалба ако се знае дека тој е одбранбен фудбалер.

Зад себе Рамос остави големи фудбалски имиња, а меѓу нив е неговиот тренер Зинедин Зидан, кој како играч постигнал 14 голови во ЛШ Потоа тука се и некогашниот играч на Реал, Интер, Барселона, Милан, Роналдо, па уште еден Бразилец Адријано, па Германецот Мирослав Клосе. Сите постигнале по 14 голови.