Поранешниот пратеник Исмет Рамадани во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека проруските интелектуалци го урнале поранешниот премиер Зоран Заев, како и дека прават голема штета.
„Доколку гледате дебатни емисии по македонските телевизии, викаат интелектуалци, генерали во пензија, експерти и таканатаму и го гледате отворено како надвладува путинизмот, отвореното навивање да го наречеме за Путин. Овие интелектуалци прават голема штета, овие мислам дека и го урнаа Заев“, вели Рамадани.