Натпреварот од 12. коло од групата А на ракометната Лига на шампиони меѓу Порто и ППД Загреб, кој требаше да се одигра вечерва од 20.45 часот е одложен. Играчите на хрватскиот шампион останаа на аеродромот во Франкфурт. поради технички проблеми. Челниците на загрепскиот клуб цело време биле во контакт со Европската ракометна федерација (ЕХФ), а на крајот е донесена одлуката натпреварот да биде одложен. Нов датум ќе биде одреден подоцна.

Advertisements

Ракометарите на ППД Загреб во средата полетаа од Загреб за Франкфурт, каде поради големи технички проблеми беа откажани над 200 летови, меѓу кои и тој за Порто.

Загреб моментално е шести во групата А со осум бода, еден повеќе од Висла која има меч повеќе. Порто е последен во групата со три бода./Makfax/

Прикажи повеќе