Рафаел Надал, освојувач на 22 Грен слем титули, се уште не се рехабилитар од повредата на колкот. Шпанскиот тенисер беше поразен во второто коло на Австралија опен, а оттогаш го нема на теренот. Надал неодамна мораше да го откаже настапот на турнирите во Доха и Дубаи, а како што стојат работите под знак прашалник е и неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс.

Advertisements

Тенисерот од Мајорка требаше да се појави на егзибицијата во „МГМ“ арената во Лас Вегас на 5. март, но го откажа и тој настап. Таму требаше да се сретне со Карлос Алкараз, па тенисерот од Мурсија ќе игра со победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.

„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да играм на овој голем настан со Карлос во Лас вегас. За жал, мојот процес на рехабилитација е таков што не е можно да бидам подготвен да играм тогаш. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите кои беа во контакт со мене во текот на целиот период, покажаа поддршка и имаа многу разбирање за мојата повреда“, објави Надал. .

Доколку Надал не може да игра на 5. март, прашање е дали ќе биде подготвен за Индијан Велс, кој започнува само неколку дена подоцна. /Makfax/

Прикажи повеќе