Централната изборна комисија ги објави податоците од изборите во Република Бугарија за претседател и потпретседател со 100% обработени протоколи за СИК во РИК, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

За Румен Радев и Илијана Јотова на 14 ноември гласале 1.322.128 гласачи, што е еднакво на поддршка од 49,41 отсто.

За Анастас Герџиков и Невјана Митева гласале 610.710 Бугари или поддршката за нив е 22,82%.

Трети во рангирањето е претседателскиот пар на ДПС Мустафа Карадаја и Искра Михаилова со 309.675 или 11,57% поддршка.

Во недела, на 21 ноември, ќе се одржи вториот круг на кој ќе се утврди дали „Дондуков“ 2 ќе има нов сопственик или актуелниот претседател ќе добие втор мандат.