Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе и го додели мандатот за состав на нова влада на политичката партија „БСП за Бугарија“. Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ-СДС, но составот на Владата со кандидатот за премиер Николај Габровски не ја доби потребната поддршка во бугарскиот Парламент.

Вториот мандат Радев му го додели на кандидатот за премиер на политичката партија „Продолжуваме со промените“, Николај Денков, но и тој не доби поддршка во Парламентот за декларацијата со приоритетите. Третиот мандат е последна можност за формирање Влада во најсиромашната земја во Европската унија. Доколку не успее, според Уставот, шефот на бугарската држава мора да распише нови парламентарни избори. Државата со скоро 7 милиони луѓе е во политички ќорсокак од 2020 година, кога ја потресоа големи протести поради незадоволството на јавноста од повеќегодишната корупција.

Прикажи повеќе