Во европската година за македонската одбојка, со организација на група од машкиот континентален самит, како и со настапи на двете сениорски репрезентации во златната и во сребрена лига на ЦЕВ, домашните натпреварисе одвиваат со забрзано темпо. За денес закажана четвртфиналната фаза од македонскиот куп за сезоната 2022/23.

Со оглед на полудиригираната ждрепка, нема да има дерби соочувања, а не се предвидени реванши, така што домашните екипи, коишто се подобропласираниво првенството, се фаворити за влез на завршниот турнир во периодот од 24 до 26 март.

Веќе е познат првиот полуфиналист во женска конкуренција, тоа е бранителот на трофејот Работнички, кој го совлада Вардар ЕМ со 3-0 во сетови.

Четвртфинале (мажи):  

Струмица Никоб – Весна Пробиштип (среда, 17:00)

Шкендија – Работнички 47&22 (среда, 20:00)

ГОК Борец – Штип УГД (среда, 19:00)

Лирија – Универзитет во Тетово (среда, 19:00)

Четвртфинале (жени):

Работнички Скопје – Вардар ЕМ 3-0 (25-12, 25-19, 25-14)

Јанта волеј – Пелистер волеј (среда, 20:30)

Наковски волеј – Младост УГД (среда, 20:00)

Фит фан волеј – Вардар жени (среда, 16:30)