Рускиот претседател Владимир Путин точно на пладне по московското време започна да одговара на прашања на руските граѓани на традиционалната ТВ програма „Директна линија“.

Путин, кој одговара по прашањата на граѓаните по 18-ти пат, на почетокот на програмата рече дека не поддржува задолжителна вакцинација, но рече дека понатамошното ширење на инфекцијата може да се спречи само благодарение на вакцинацијата.

Како одговор на прашањето на граѓаните која вакцина ја примил, Путин рече дека го замолиле да не кажува за да не создаде конкуренција, но денес тој одлучи да го открие, наведувајќи дека станува збор за вакцината „Спутник V“.

– По добивањето на втората вакцина, имав температура од 37,2 степени навечер, и 36,6 наутро – рече Путин, како што пренесе „Спутник“ ·

Соопштено е дека за рускиот претседател се примени околу два милиони прашања и дека тие продолжуваат да пристигнуваат, пренесува руската агенција ТАСС.