Играчот од средниот ред Рики Пуиг, ја напушти Барселона и се реши кариерата да ја продолжи во МЛС Лигата во дресот на ЛА Галакси.

„Последниот месец во Барселона беше тежок за мене. Бев изоставен од списокот за турнејата во САД и тоа никогаш претходно не сум го доживеал. Тоа многу ме погоди“, рече Пуиг.

Посебно се сврте кон челниците на клубот и кон тренерот Чави.

„За нив немам ништо да кажам и не сакам да ги споменам. Никогаш во животот не ме разочарал толку колку што ме разочара Чави и Барселона“, рече 23-годишниот Пуиг.

Прикажи повеќе