ПСЖ се уште не постигнале договор со Лионел Меси. Дел од француските медиуми тврдат дека преговорите се ставени во мирување. Договорот на аргентинскиот интернационалец истекува на крајот од актуелната сезона.

„Марка“ пренесува дека двете страни се далеку од договор. Преговорите влегле во ќор сокак во јануари, по враќањето на Меси од Катар, каде со Аргентина го освои Светското првенство.

Двете страни не можат да се договорат околу платата. Таткото на Меси барал зголемување од 10 милиони евра, односно бара неговиот син да заработува 40 милиони евра по сезона.

35 годишниот фудбалер постигна 18 гола со 17 асистенции на 31 натпревар за „светците“ во сите натпреварувања оваа сезона./Makfax/

Прикажи повеќе