По мечот помеѓу Јувентус и Интер (0:0) во реваншот од полуфиналето од Купот на Италија и елиминиацијата на „Нероаѕурите“ продолжува психолошката војна. Имено, на тој натпревар настанаа вербални расправии помеѓу двата табора. Директорот на Јуве Паратиќи го провоцирал Ориали од Интер, наводно го убедувал и Барела да се пресели кај нив, а по мечот Конте покажа среден прст, но за кого беше наменет се уште не е утврдено.

Сепак, италијанските медиуми продолжуваат да се занимаваат со оваа тема. Како што пишува угледната „Газета дело Спорт“, тренерот на Интер Антонио Конте, кој своевремено беше капитен на Јувентус, а потоа и тренер, наводно му порачал на првиот човек на „Старата дама“ дека доколку тој прозбори јавно, ќе ги снема од лицето на земјата.

Што точно сакал да каже Конте не се знае, но „Газета“ во својата анализа вели дека е можно да има и истрага за ова.

loading…