Најбогатиот човек во САД, Џеф Безос, им се заблагодари на вработените и клиентите на Амазон за неговиот лет во Вселената.

-Сакам да се заблагодарам на секој вработен во Амазон и на секој клиент на Амазон, затоа што дечки вие плативте за сето ова. Сериозно, за секој клиент на Амазон и за секој вработен на Амазон, Ви благодарам од сѐ срце. Многу го ценам ова, изјави Безос по летот во Вселената.

Безос исто така им се заблагодари на инженерите на проектот „Блу ориџин“ кои ја конструираа ракетата „Шепард“ со која што тој и уште неколкумина туристи денеска полетаа на десетминутен лет во Вселената.

Тој се заблагодари и на градот Ван Хорн во Тексас, за тоа што овозможил користење на земјиштето од каде денеска беше лансирана ракетата. (МИА)