Манекенката Марион Морхауз, родена во 1906 година популарноста ја стекнала на крајот на 20-те години од минатиот век.

Денес таа се смета за првиот супермодел. За модните магазини „Ванити феир“ и „Вог“ ја фотографирал Едвард Стајкен.

За соработката со Марион, Едвард во една прилика рекол:

„Таа е најдобриот модел кого некогаш сум го фотографирал. Кога таа ќе ја облече облеката која треба да биде фотографирана, Марион се трансформира во жена која навистина би носела таква облека, без оглед на тоа кој аутфит е на неа“.

Марион беше миленичка на славниот фотограф Сесил Битон, кој многу сакал да работи со неа. Манекенката имала индијанско потекло, благодарение на што имала топли кафени очи и остри црти на лицето.

По завршувањето на манекенската кариера, Марион и сама се свртела кон фотографијата.