-Групата постои и во неа се членовите кои ја сочинуваат Суперлигата. Си дадовме време од неколку недели за да размислиме за непријателите кои не сакаат да ги загубат своите привилегии, а притоа манипулираа со нашиот проект, ова го изјави Флорентино Перез во интервју за мадридски „АС“. Како што вели тој, иако многумина би сакале, сепак идејата за Суперлигата не е мртва.

Перез обвини претседателот на УЕФА, Александер Чеферин дека ја гуши конкуренцијата и со тоа многу големи клубови ќе ги донесе до банкрот.

-– Само во првите три месеци од пандемијата минатата сезона, 12. клубови во Суперлигата пријавија загуби од 650 милиони евра. До крајот на оваа сезона, додека пандемијата се уште е присутна, загубите ќе изнесуваат помеѓу две и две и пол милијарди евра. Бордо неодамна дојде во фаза на стечај. Или ќе мора да преземеме нешто или истото ќе им се случи на многу клубови – вели Перез.

Сепак, првиот човек на Реал Мадрид не објасни како неговиот клуб и останатите великани дојдоа до работ на банкрот.