Возачите во Формула 1 од следната сезона не смеат да даваат политички и верски изјави без претходна согласност од Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем кажа дека ќе бидат санкционирани возачите кои нема да ги почитуваат правилата.

„Загрижени сме. Не сакаме ФИА да служи како платформа за приватна агенда. Што прават најдобро возачите? Возат. Тие се добри во тоа, тие прават спектакл“, кажа Бен Сулајем.

Прватат трка во новата сезона ќе се вози за Големата Награда на Бахреин, на 5 март.

Прикажи повеќе