Светската ракометна организација (ИХФ) соопшти дека двајца ракометари се заразени со коронавирус и се испратени во изолација. Тие двајца се единствените позитивни од 1086 тестирани лица на Мундијалот. ИХФ не ги објави нивните имиња, но се работи за еден Белгиец и за еден Египќанец.

Пред почетокот на втората фаза на Светското првенство во ракомет, мораше да се тестираат сите учесници во натпреварувањето, бидејќи има исклучително строг протокол за Ковид-19.

„Тешко е да се избегне инфекција. Во хотелот луѓето се движат без маски, играчите ги донесоа своите семејства. Сите репрезентации можат да бидат погодени“, изјави белгискиот селектор Јериме Сила.

Ракометарите беа тестирани пред турнирот и повторно се тестирани пред почтокот на втората фаза. Ако играчот е позитивен, тој мора да биде изолиран пет дена. Изолацијата завршува по петтиот ден со негативен тест. /Makfax/

Прикажи повеќе