Првата индијска ковид-пациентка, студентка која претходно живеела во Вухан повторно е позитивна на коронавирусот, јавува АФП.

21-годишната девојка нема симптоми, но е во изолација во својот дом, изјавила здравствена работничка за АФП.

Дека повторно е заразено е откриено за време на рутинска проверка пред патување за Њу Делхи.

Пациентката беше меѓу индијските студенти по медицина кои избегаа од Вухан во 2020 година кога вирусот за првпат се појави во тој кинески град.

Тогаш разви благи симптоми и по позитивниот тест стана првата индијска ковид-пациентка.

Индија оттогаш забележа речиси 31 милиони случаи и повеќе од 410.000 мртви, голем дел од во разорниот бран кој оваа пролет ја погоди државата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.