Денеска се одиграа четири натпревари од планираните 5 во рамките на 14 коло од првата фудбалска лига на македонија.

Актуелниот лидер, екипата на Струга Tрим Lум одигра реми 1-1 против работнички.

Домаќините беа во водство со голот на Шаркоски, додека бод за Струга Трим Лум обезбеди бшабани.

Со истиот резултат 1-1 заврши и натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Академија Пандев.

Тетовци поведоа со голот на Дориев, додека гостите израмнија во вториот дел со голот на Ѓорѓиевски.

Во Прилеп екипата на Македонија Ѓорче Петров победи со резултат 3-1.

Единствена победа на домашен терен забележа екипата на Брегалница која со 2-1 го победи Тиквеш.

Скопје и Силекс вчера одиграа нерешено без голови, а слободна беше екипата на фк Шкупи.

Скопје 0–0 Силекс
Работнички 1–1 Струга Трим Лум
Шкендија 1–1 Академија Пандев
Победа 1–3 Македонија Ѓ.П.
Брегалница 2–1 Тиквеш
Слободен ФК Шкупи

Прикажи повеќе