Воведување временско ограничување за влез на камиони од Евзони, меѓу 7 и 19 часот, како и целосниот недостиг на организација во процесот на спроведување на брзите тестови од екипите на Националната организација за јавно здравје на Грција, на сите што влегуваат во земјата, предизвика „хаос“ и огромни доцнења, а редиците на камиони кои чекаат достигнува и до десет километри, велат од Федерацијата на грчките камионџии, во соопштението во кое ги повикуваат транспортерите на протест на граничниот премин Евзони, закажан за 7 часот утрово по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

– Advertisement –

Прикажи повеќе