Светот во очекување на средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и првиот човек од Белата Куќа, Џо Бајден, особено по многуте напнати пораки испратени меѓу двете земји. Двајцата ќе се сретнат во Женева на 16 јуни, што значи дека едни од најмоќните луѓе во светот тој ден ќе бидат на едно место.

Advertisements

Иако властите не најавуваат ништо во врска со безбедносните подготовки, во швајцарските медиуми веќе протекоа некои детали дека небото над Женева ќе биде затворено, дека ловците Ф-18 ќе го надлетуваат  градот.

Деновиве безбедносните сили ја проверуваат плажата Еук-Вивес, кај женевското езеро, со цел евентуално инсталирање на противвоздушна опрема, а кантоналната полиција изнајми неколку оклопни возила од швајцарската армија.

Прикажи повеќе