Единаесет мигранти биле пронајдени во возило скопски регистарски ознаки рано изутрината, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Во 02.50 часот на автопатот А1, клучка Градско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово, запреле патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки. При преглед, во него биле пронајдени 11 мигранти, од кои 10 од Конго и еден од Авганистан, се појаснува во соопштението.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.