Фејсбук соопшти дека неговите услуги делумно се враќаат на интернет по шестчасовен прекин што ја запре комуникацијата за милијарди корисници, вклучувајќи ги и апликациите на социјалниот медиум, Инстаграм, Месинџер и Ватсап. Фејсбук соопшти дека „услугите се враќаат на интернет“, но оти може да потрае неодредено време за целосно да стартуваат. Компанијата со седиште во Калифорнија им се извини на корисниците за неможноста да пристапат, најголем досега кој бил следен од веб-мониторинг групата Downdetector.

Прекинот започна вчера околу пладне по американско источно време и пристапот почна да се враќа околу 17:45 часот. Внатрешните системи на Фејсбук што ги користат вработените, исто така, се намалија, што го усложни проблемот. Фејсбук наведе дека прекинот бил предизвикан од неисправните промени во конфигурацијата на неговите рутери. „Нашите инженерски тимови утврдија дека промените во конфигурацијата на основните рутери кои го координираат сообраќајот на мрежата помеѓу нашите центри за податоци, предизвикаа проблеми што ја прекинаа оваа комуникација“, велат од Фејсбук.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.