Светски познатата метеоролошка служба AccuWeather објави сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година.
Невремето што ја зафати западна Европа, а потоа и јужниот дел на континентот во текот на зимските месеци, може да остане активно во рана пролет, велат метеоролозите. Се очекува бурите да бидат активни од Франција, преку Италија, кон Балканот, особено во текот на март.
Метеоролозите забележуваат дека ова ќе биде невообичаен модел за пролетта бидејќи бурите обично се движат на север во овој период од годината.
По една од најснежните зимски сезони во последните пет години во северозападна и централна Европа, многу Европејци можеби со нетрпение ја очекуваат пролетта и враќањето на топлото и сончево време, пишува АкуВедр.
Сепак, според метеорологот Тајлер Ројс, пролетта ќе доцни, но населението нема да биде лишено од пријатни пролетни денови.