Бесарт Амети и Фетах Фетаху (B2A Design) се авторите кои стојат зад проектот и реализацијата на објектот за индивидувално домување AE HOUSE, лоциран во Тафталиџе, Скопје.

Луксузната куќа на кровната тераса има базен со стаклен под, кој истовремено е плафон во двовисинскиот дневен простор.

Презентираниот објект преставува композиција од основни геометриски форми кои се воочливи како во нацртите така и во обликувањето на архитектониката на истиот. Создаваме архитектура која често пати е именувана како минималистичка, што не би требало да подразбира физичка „сиромаштија“ на самиот објект, туку духовно богатство кое е очигледно кај AE House, објект кој е лоциран во населба Тафталиџе, Општина Карпош, Скопје, порачуваат авторите.

Во ентериерот преовладува белата боја, но со големо внимание се избрани детали како што е базенот со застаклен под кој создава чувство на присуство на аквариум над дневниот простор. Искористените материјали се израз на современата текнологија во градежништвото, кои во хармонија со правилните форми на внатрешните простории му овозможуваат на објектот максимална естетика.

Објектот е  авангарден и иновативен,  особено во употребата на стаклото на фасадата и во внатрешноста, што придонесува за продирањето на светлината. Играта помеѓу светлото и сенката ја прават внатрешноста магична. AE House е поставен на градежна парцела ограничена од три улици, од кои улицата „ Софиска“ на јужната страна претставува најфрекфентна сообраќајница.

Јужната страна овозможува инсолација – максимална количина на сончева енергија, затоа во овој дел се ориентирани двовисинскиот дневен престој, скалиштето, терасите, базенот, просторот за забава итн….

Видете и дознајте многу повеќе за овој проект во денешната објава https://marh.mk/ae-house-ameti-fetahu