Искусниот фудбалер за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Работнички, потврди клубот од Дебар маало.

По средба со раководството на „романтичарите“ тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот. Алими ќе се приклучи на подготовките на тимот во Охрид. Работнички го очекува пријателски натпревар со второлигашот Охрид, а на шести февруари ќе има тест и против Воска Спорт.

Алими, пред да пристигне во Работнички, од 2014 година беше член на Шкендија и беше најстандарден во средниот ред на тимот. Искусниот играч за врска, покрај за Шкендија, во кариерата играше уште и за Ермис, Неа Саламис, Еребро, Истра 1961, Милано од Куманово и Башкими.

Прикажи повеќе