И денеска продолжува потрагата по 30 годишникот од с.Никуштак откако во текот на вчерашниот дена спасувачките екипи не успеаа да пронајдат траги од исчезнатото лице.

Мажот вчера влегол во водите на езерото кај браната Глажња по што му се губи трагата.

Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.

Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р..

Во текот на изминатата ноќ акумулацијата била надгледувана од полициски припадници од на полициската станица Матејче.