Белгискиот фудбалер Кевин Де Бруин, истакна дека сега жали што примил инјекција против болки и играл на натпреварот против Италија во четвртфиналето од ЕП.

Де Бруин беше повреден на натпреварот од осминафиналето против Португалија, по стартот на Палиње.

Потоа беше стартер на натпреварот со Италија, во кој таму победија со 2:1, а турнирот Де Бруин го заврши со сериозна повреда на скочниот зглоб.

-На турнирот дојдов со повреда уште од финалето во ЛШ, а по три натпревари, завршив со сериозна повреда на скочниот зглоб. Против Италија играв откако примив две инјекции, а да знаев потоа како ќе ми изгледа зглобот, немаше да го одиграм тој натпревар, отворено признава Де Бруин.

Белгија го игра вечерва своето полуфинале во Лигата на нации против селекцијата на Франција.