Кејт Мидлтон посети англиска болница и зборуваше за различни искуства со родилките таму.

За време на официјалната посета на една англиска болница, принцезата од Велс Кејт Мидлтон разговараше со мајките за сите авантури кои ги носи родителството, но и за некои свои искуства.

За време на таа посета, принцезата открила и како ги викале нејзините деца и со каков притисок се справувале таа и Вилијам.

  • Беше прекрасна и многу зборуваше за тоа како се чувствувала кога и самата станала мајка – изјавила една од новопечените мајки кои биле воодушевени од едноставноста на принцезата.
  • Зборуваше за своите деца, па дури и за тоа како тие ги избрале нивните имиња. Многу родители се мачат со изборот на имиња за своите деца, па тоа беше една од темите со Кејт. Таа рече дека на децата им дале имиња кои им биле омилени, но и дека поради тоа што светот со нетрпение чека да се објават нивните имиња, чувствувала голем притисок поради се – вели една родилка.

Кејт и Вилијам го добија своето прво дете во 2013 година и се вика Џорџ Александар Луис, принцезата Шарлот Елизабет Дијана е родена во 2015 година, додека Луис Артур Чарлс е роден во 2018 година.