Лани ова Министерство, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, имало вкупен буџет од околу 4 милиони евра, кој годинава е поголем за околу 300 илјади евра, пишува Призма.

Тоа е, на пример, приближно четирипати повеќе од буџетот што го имаат Антикорупциската комисија или Финансиската полиција.

Во Министерството, сместено во барокната зграда веднаш до МНР во центарот на Скопје, лани работеле 354 луѓе, а годинава, според предлог-буџетот, таа бројка би можела да се зголеми за уште 69, што значи дека вкупно би работеле 423 лица.

Како што пишува Призма кој и за што бил ангажиран дополнително во Министерството останува тајна, бидејќи сите обиди на БИРН да добие податоци за дополнителните ангажмани останаа безуспешни.

Целата сторија на Призма