Турските власти соопштија дека во текот на последните 48 часа привеле 133 мигранти без документи во близина на границата со Иран. Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера привеле 73 Авганистанци во провинцијата Ван, додека други 60 мигранти – од кои 59 Авганистанци – биле денеска приведени.

Advertisements

Во јуни министрите за надворешни работи на Турција, Иран и Авганистан се сретнаа за да разговараат за соработка околу мигрантите. Во тој регион расте загриженоста од нов бран мигранти по најавеното повлекување на меѓународните сили во Авганистан.

Прикажи повеќе