Охрабрувачки вести доаѓаат за Барселона пред Ел Класико против Реал.

Жерард Пике се врати во тренажен процес и има големи шанси да му биде на располагање на Роналд Куман за време на викендот во најголемиот натпревар во европскиот фудбал.

„По паузата, Пике се врати и она што нè радува, е дека тој го одработи целиот тренинг со тимот“, рекоа од Барселона.

Куман најави промени во тимот пред дуелот против Реал, бидејќи Барклеон после тоа ќе го има финалето на Купот на кралот.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона е закажан за во сабота од 21 часот, а каталонскиот клуб го пречекува со два бода повеќе од најголемиот ривал.