Пред неколку дена во странските медиуми „се појави“ изјава на Герет Бејл, во која велшкиот репрезентативец истакна дека се враќа во Реал Мадрид на лето.

Сепак, денес, неговиот агент Џонатан Барнет ги негираше ваквите обвинувања и истакна дека сè е извадено од контекст.

Барнет истакна дека е рано да се зборува за плановите и желбите на Бејл, и дека всушност дури по крајот на сезоната играчот ќе донесе одлука за својата иднина.

Бејл има договор со мадридскиот клуб до летото следната година, а позајмицата во Тотенхем истекува на крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека Реал нема да има ништо против лондонскиот клуб да го откупи договорот на Бејл, но на крајот од играчот сигурно ќе биде побарано многу.

Да потсетиме, во Премиер лигата Бејл оваа сезона одигра 12 натпревари за Тотенхем, постигнувајќи пет гола на кои додаде две асистенции.