Косовската полиција денеска соопшти дека единствениот аеродром на Косово е затворен по заканата за бомба. „Поради закана со експлозивни направи, меѓународниот аеродром Адем Јашари во Приштина е привремено затворен“, се вели во соопштението на полицијата која наведе дека биле распоредени единици за деактивирање бомби.

Advertisements

Аеродромските власти соопштија дека патниците и персоналот на аеродромот биле евакуирани „и се безбедни“. Неколку летови се одложени или откажани. Аеродромот Адем Јашари е на околу 20 километри југозападно од главниот град Приштина. Слични закани беа упатени претходно оваа година.

Прикажи повеќе