Од суштинско значење за имунолошката функција, регулацијата на хормоните и стабилизирањето на расположението, витаминот Д помага во важните процеси низ целото тело, а особено се споменува во одбраната на организмот против коронавирусот.

За жал, многумина немаат доволно од овој витамин бидејќи еден од главните извори на витаминот Д е сонцето, во зима е проблем да се задоволат потребите за негово дневно внесување. Покрај додатоците, може да се компензира преку исхраната.

„Бидејќи витаминот Д помага во имунитетот и превенцијата од карцином, а исто така игра улога во невролошкото, кардиоваскуларното здравје и здравјето на коските, лесно може да се види колку може да биде опасен неговиот недостаток“, изјави д-р Франк за „Инсајдер“.

Исто како и луѓето и животните и растенијата апсорбираат витамин Д. Се разбира, најдобриот начин да го „нахраните“ вашето тело со него е да излезете и да останете на дневна светлина што е можно повеќе, но кога тоа е невозможно, секогаш можете да посегнете по додатоци во исхраната како што се печурките.

Да, добро прочитавте. Јадењето печурки обезбедува иста количина на витамин Д како и фармацевтските додатоци.

Печурката под името Лисичарка содржи најмногу витамин Д, но секој вид печурка го содржи од овој витамин.