Принцот Хари никогаш не бил поомразен во Велика Британија, покажуваат новите анкети спроведени од локалните медиуми. Некогаш најпопуларниот член на британското кралско семејство сега е меѓу најомразените, а само принцот Ендру е поомразен од Хари.

Британците не му простуваат на Хари за нападите врз неговото семејство кои се водат во последните три години, а кулминираа со неговите мемоари Спара, во кои тој пишува за својот брат и татко и открива приватни семејни работи. Хари во книгата го опишал својот брат како љубоморен насилник, ја навредувал кралицата Камила, а својот татко го опишал како крал кој се плашел дека неговата снаа Меган ќе му ја одземе популарноста.

Британците сега сакаат да му ги одземат кралските титули на Хари и да го отстранат него и неговите две деца од редот на наследување на британската круна. Хари моментално е петти во редот за тронот (зад братот Вилијам и неговите три деца), додека неговиот син Арчи е шести во редот за круната, а ќерката Лилибет е седма.

66 отсто од испитаниците на анкетата на Експрес во Обединетото Кралство изјавиле дека војводата од Сасекс и неговите две деца Арчи и Лилибет не треба да бидат во редот за тронот.