Принцот Филип денес ја напушти болницата во центарот на Лондон, каде помина скоро еден месец под надзор на медицинскиот персонал, пренесува Би-Би-Си.

Се наведува дека војводата од Единбург (99) бил примен во болницата Кинг Едвард VII на 16 февруари откако имал одредени здравствени проблеми, а подоцна, во друга лондонска болница, Свети Вартоломеј, бил подложен на успешна интервенција во врска со неговата срцева состојба.

– Advertisement –

Со 28 дена поминати на лекување, ова беше најдолг престој на принцот Филип во болницата, а точната причина за неговиот прв прием не е откриена. Бакингемската палата објави дека неговата хоспитализација не е поврзана со вирусот корона, пренесува Би-Би-Си.

Прикажи повеќе