Пријавено е семејно насилство во кумановско село и во Пробиштип, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во 16.30 часот вчера, 26-годишна жена од кумановско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ј. Претходно, во 09.30 часот, 58-годишна жителка на Пробиштип пријавила дека на 13 април, околу 23.30 часот, била физички нападната од нејзиниот син М.А., на возраст од 30 години, од Пробиштип, кој употребил и тврд предмет, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.