Тимовите во Формула 1, раководството на тркачката серија и Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) се согласија да одржат претсезонски тестови во Бахреин.

Според „Аутоспорт“ тестовите ќе се одржат од 12 до 14 март.

Првично беше планирано претсезоната да се одржи во Барселона, но одлуката се смени поради одложувањето на Големата награда на Австралија поради пандемијата на коронавирус.

Тестовите ќе се одржат точно две недели пред Големата награда на Бахреин, со која започнува сезоната 2021 година.

Гран при на Бахреин ќе се одржи од 26 до 28 март.